-->
-->
Зошто некои пушачи живеат и до 100 години?
-->
Сите пушачи знаат дека поради нивните навики здравјето им е загрозено и дека ризкуваат прерана смрт. Но, некои пушачи и покрај таквиот ризик долго живеат. Американските научници откриле дека некои пушачи доживуваат длабока старост иако пушат, а на тоа можат да им бидат благодарни пред се на гените.
Научниците долго проучувале пушачи кои долго живеат и приметиле дека една работа им е заедничка, а тоа се гените на долговечноста.
Нив тие гени им овозможуваат да бидат отпорни на штетни материјали од цигарите, но и генерално и на останатите загадувања околу нас.
Тие кои имаат такви гени имаат вкупно и 11 проценти помалку шанси да добијат некој вид на рак.
- Кај долговечните пушачи откривме генетски маркери, кои се исти како и маркерите кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат што постигнуваат брзо опорвување на ќелиите и постигнуваат нивна подобра отпорност на штетните навики на кои луѓето се изложени, вклучувајќи го и пушењето, изјавил научникот Морган Ливијан за Дејли Меил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје
-
Литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ
-
Маск: Трамп мора да победи за да се зачува Уставот и демократијата во Америка
-
ИДФ: Нападнати центри на Хамас во поранешно училиште и џамија
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со дожд
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина