-->
-->
Звезда ги сака браќата Бабунски
-->
Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда, Блажо Раосављевиќ потврди дека браќата Бабунски се интересни за клубот, но дека дека досега немало никакви контакти.
„Спортскиот дел на клубот ги скенираше браќата Бабунски, постои интерес од наша страна, но во овој момент тоа е сè. Официјални контакти не сме имале“, рекол за весникот Спорт, Раосављевиќ.
Браќата Бабунски во моментов играат за Барселона Б, односно Фуенлабрада. Давид (21) е македонски репрезентативец и член на Барселона Б, но наводно сакаaт да зaмине во екипа каде ќе добие повеќе можност да ги покаже своите квалитети.
Дориан (19) сè уште нема настап за сениорската репрезентација на Македонија, а во моментов игра во Фуенлабрада, каде го тренирa прославениот напаѓач на Реал и Монако, Фернандо Мориентес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“