Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
Јавен обвинител бара мерки на претпазливост за 4-те малолетнички кои малтретирале и физички нападнале 13 годишно девојче во Ѓорче. До судијата за деца поднесено е барање за поведување подготвителна постапка за девојчињата за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело - насилство.
- Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три на возраст од 14 години, во два одвоени настани, учествувале во дејствија на насилство кон друго 13-годишно девојче и за нив постапката се води согласно Законот за правда за децата. Имајќи ги предвид сите околности, тежината и начинот на сторување на делото, јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерки на претпазливост за малолетничките, соопшти обвинителството.
Вчера за истите настани до обвинителството доставени се шест кривични пријави за родителите на насилничките бидејќи како родители ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување, а како резултат на тоа малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело Насилство, односно физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров.
Како мерка за намалување на насилството во образовните установи министерката најави дека наставниците ќе дежураат и внатре и надвор за време на одморите во училиштата, а досега тоа го правеа учениците.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
