100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар

100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, наменети за јавните здравствени установи низ целата држава ќе бидат набавени од Владата, објави министерот за здравство на Алиу. За оваа намена се обезбедени средства во износ од 461.250.000 денари, со преземање буџетски обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во наредните четири години.
Со оваа инвестиција се очекува значително унапредување на системот за итна медицинска помош, побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациентите до секундарно и терциерно ниво на здравствена заштита, како и подобра покриеност и во урбаните и во руралните средини.
Покрај ова, Владата информира и за продолжување на постапката за трајно решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Земјиштето на постојниот паркинг-простор ќе биде запишано во сопственост на Република Северна Македонија, со што се отстранува долгогодишната административна пречка за потпишување договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“.
Со склучувањето на договорот ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, како и воспоставување ред во паркирањето. Предвиден е целосен мониторинг на паркинг-просторот, поставување информативни табли и воведување дигитален водич кој ќе ги насочува граѓаните.
Целта, како што се посочува, е пациентите и здравствените работници да добијат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот на клиниките.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
