156 санкционирани возачи во Скопје: 22 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за возач почетник.
.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место