-->
-->
172 санкции за брзо возење
-->
Во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија