-->
-->
207 санкционирани возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 11 санкции за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 47 возила се подигнати се специјално возило „пајак“, а изречени се 16 мерки за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови