Македонија
10. February 2023 - 18:55

21 годишен тетовчанец се обидел да прегази полицаец, а потоа се вратил да го тепа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(21) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „предизвикување на општа опасност“.

Пријавениот, во близина на градскиот стадион на улица „Иво Рибар Лола“ во Тетово, при обид да биде легитимиран, со патничко возило се обидел да прегази полициски службеник, по што со возилото се оддалечил од местото, а подоцна се вратил, агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник.