30 дена притвор за ќерката која со чекан се обиде да ја убие сопствената мајка во Кавадарци
Поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид“, Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена.
Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не и дозволил да избега по настанот.
- Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.
Судијата го прифатил предлогот и синоќа донел решение со кое на осомничената и определил притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел