Македонија
10. јуни 2024 - 15:41

30-годишник избоден во близина на обложувалница во Охрид

На 09.06.2024 во 23.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет бил примен И.М.(30) од село Слатино, општина Дебрца. Според пријавеното, во близина на спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев“ во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.