-->
-->
37 годишен гевгеличанец е жртвата во сообраќајката на клучката кај Три Чешми
-->
Возачот на автомибилот марка „голф“ со гевгелиски регистерски таблички загинал на местото при судир со тешко товарно возило на клучката кај Три Чешми, каде се спојуваат експресниот пат кон Штип и автопатот Штип-Миладиновци.
Станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија.
Автопатот Штип - Миладиновци е затворен и во двете насоки, додека трае увидот од страна на истражните органи. Сообраќајот од Штип кон Велес, Свети Николе и Скопје и во обратна насока се одвива по регионалниот пат.
Од почетокот на годината до сега на патиштата околу Штип загинаа три лица во тешки сообраќајни несреќи.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова најави дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали за сообраќајната несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива