-->
-->
40 годишник од Штип возел со 1,77 промили алкохол во крвта без положен возачки испит
-->

На 02.04.2025 околу 00.20 часот во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип го лишиле од слобода Е.А.(40) од Штип. Е.А. на 01.04.2025 околу 22.40 часот во Штип со патничко возило „сеат“ со штипски регистерски таблички удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лидерска средба за реформски закони и укинување на техничка влада, само СДСМ не присуствува
-

Македонија ќе се задолжи со нови 1 милијарда евра, издадени две еврообврзници
-

Струмичката епархија и годинава ги изнесе моштите на Свети Василиј Велики на поклонение пред верниците
-

Завршува Вевчанскиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
