Македонија
12. March 2025 - 16:32

80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела

Ќе може ли волонтирањето на студентите во Црвен Крст да биде валидирано како практична настава согласно програмите на факултетите при УКИМ за повисока оцена? 

Истражување на организацијата покажува дека над 60% од анкетираните студенти сакаат да научат како да пружат помош, но и да зачленат во Црвен крст. Дополнително, нивната работа во Црвен крст да биде признаена како пракса за повисока оцена. 

Во очи 80 годишнината од постоењето на Црвен Крст, надлежните потпишаа меморандум со раководството на УКИМ за продлабочување на соработката. Се остава отворена можноста за отворање на Академија, но и вклучување на професорската фела во хуманитарни активности.