Македонија
17. February 2021 - 18:29

Ахмети за учебникот по географија: Не би сакал да ги бранам министрите, но тие не се уредници и лектори на книги

Поранешните министри кои го водеа ресорот образование, не се уредници и лектори за да ги отстрануваат навредливите содржини од учебниците изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Не би сакал да ги бранам министрите, но тие не се уредници и лектори на книги. Има луѓе кои се ангажирани за тоа. Станува збор за банални навреди и не може да се учи од тие книги. Тие прашања треба да се решат“, рече Ахмети во одговор на новинарско прашање.