АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности

При 560 вонредни инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби издадени биле 140 решенија за утврдени неусогласности. Изречени биле и 45 парични казни во вкупна вреднсот од 19 430 евра во денарска проиввредност, а како небезбедни нештетно се уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз.
- Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно одредбите од Законот за безбеднсот на храната, од почетокот на јули до крајот на август спроведоа вонредни инспекциски контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби. Во два месеца реализирани се вкупно 560 инспекциски надзори кај оваа категорија оператори, за што се издадени 140 решенија за утврдени неусогласности - информираат од АХВ.
Според АХВ, со спроведените контроли утврдено било дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, а 64 од операторите немале направено анализи на сладолед/мраз. Кај 20 АХВ утврдила несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од нерегистриран добавувач.
Со контролите кај 10 оператори биле затекнати вработени лица кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови биле утврдени кај пет од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите.
Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во 5 објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
