-->
-->
АХВ ќе добие донација во опрема и возила од ЕУ
-->
Во Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе бидат предадени опрема и возила, донација од Европската унија.

Донацијата е обезбедена преку проектот „Набавка на опрема за официјални контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство и опрема за граничната ветеринарна инспекција Блаце и Табановце“.
На промопредавањето ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и раководителот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.
На настанот, како што е најавено, ќе бидат презентирани и започнатите активности за изградба и модернизација на инспекциските места за вршење на ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничните премини Блаце, табановце и Ќафасан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
