Ајфеловата кула затворена поради штрајкот во Франција
Ајфеловата кула поради безбедносни причини денес ќе остани затворена за публиката, одлучи претпријатието кое е задолжено за нејзината експлоатација, јави дописникот на МИА.
Ајфеловата кула е затворена, поради штрајковите против пензиската реформа, со оглед дека дел од персоналот учествува во социјалното движење, објави претпријатието што работи со Ајфеловата кула (СЕТЕ).
Присутните вработени не се „доволно бројни за да се отвори споменикот во безбедносни и оптимални услови за прием на публиката“, на твитер профилот на Ајфеловата кула, при што е нагласено дека плоштадот под кулата сепак е достапен бесплатно.
Во коминикето не се прецизира дали споменикот ќе биде затворен и во петок, ако се знае дека мобилизацијата против пензиската реформа ќе продолжи.
Уште едно друго популарно место за туристите од целиот свет, Версајската палата советува да се „одложат посетите“ четврток и петок, бидејќи работењето о на замокот ќе биде нарушено.
Ново на Сител
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата