Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите
Од Општина Карпош денеска соопштија дека ќе биде спроведена акција за проверка на хидрантската мрежа во зградите на територија на општината.
Како што информираат од општината сите заедници на станари на територија на општината треба во рок од седум дена да го известат општинскиот инспектор за домување за тоа дали во објектот има хидранти и противпожарни апарати и колку тие се исправни, како и колку станари знаат да ракуваат со нив.
- Поради трагичниот настан кој се случи во Кочани пред само три дена, Сектор Инспекторат ќе спроведе нова обновена акција во која ќе бидат проверени сите погоре наведени барања и ќе ги обнови податоците кои ги поседува. Се задолжуваат сите заедници на сопственици на територија на Општина Карпош, во рок од седум дена од денот на оваа објава да го известат Општинскиот инспектор за домување, писмено преку архива, со одговор на погоре поставените прашања. Исто така, се задолжува секој станар или претседател на Заедница на сопственици кој ќе воочи дека излезот од внатрешна страна до противпожарните скали е блокиран со било каква препрека или мебел, или пак е узурпиран со врата или градба, да го пријави тоа до Општинскиот инспектор за домување, за да се пристапи кон расчистување на излезните врати кон противпожарните скали. Истото се однесува и на надворешно блокирање на противпожарните скали, се наведува во соопштението од Општината.
Во зградите каде има управител, тој е должен преку меил да ги достави бараните информации за објектите со кои управува.
- За проверката на деловните објекти, ќе се спроведе посебна акција од повеќе инспектори, велат од Општината.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито