Балкан
1. July 2020 - 13:03

Аксој: Турција е разочарана бидејќи не е на листата на ЕУ

Турција денеска соопшти дека е „разочарана“ поради тоа што не е на листата земји на чии државјани им е дозволен влез во Европската Унија и побара „исправување на грешката“.

– Разочарани сме што не сме на листата. Очекуваме што побрзо да биде исправена грешката, изјави шефот на турската дипломатија Хами Аксој.

Советот на ЕУ вчера усвои препораки за од денеска постепено да ги отвора границите на ЕУ за државјаните на 14 земји, а на листата не е Турција.

Анкара наведува дека успешно се борела против пандемијата со Ковид-19 и оти има релативно мала стапка на смртност. Според официјалните податоци во Турција регистрирани се речиси 200.000 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 5.100 починале.

Бројот на новозаразени во Турциија изминатите недела бележи пораст откако минатиот месец беа укинати рестриктивните мерки.

Листата на ЕУ ќе се ревидира на секои две недели.