Живот
14. September 2023 - 12:26

Актерот Јордан Симонов лауреат на „Ристо Шишков“

Актерот Јордан Симонов е новиот лауреат на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков. Единствената награда за високо актерско остварување тој ја доби за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер а во продукција на Македонскиот народен театар. Во образложението на фестивалското жири стои дека Јордан Симонов со внимателно избрани актерски средства успеал да оствари моќна и осмислена улога.

И годинава најдобриот актер како награда го добива традиционалниот златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1500 евра. Покрај главната награда, со одлука на жири комисијата беше доделена и специјална награда за млад актер. Оваа награда ја доби актерот Даријан Петров од штипскиот театар. На 31-то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков во Струмица учествуваа 10 претстави од македонска и странска продукција со околу 30 актерски остварувања.