-->
-->
Активен пожарот над село Тработивиште, потребна помош за гаснење
-->

Се уште е активен пожарот кој денеска околу 13 часот го зафати атарот над делчевското село Тработивиште. Моментно пожарот е префрлен на левата страна од патот Делчево – Пехчево над селото Тработивиште. Пожарот според очевидци настанал околу 13 часот.
– Пожарот најпрвин започна од месноста Брани град, па се префрли кај месноста Кортелевец, тоа е местото каде сега најмногу гори, вели жител на селото.
Во гаснењето учествуваат екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево и мештаните. Пожарникарите за дотур на вода ги користат блиските вили коишто се во опасност од огнената стихија која се повеќе се приближува до нив. Ситуацијата, како што велат, е алармантна и потребна е помош за побргу да се локализира огнената стихија.
Засега не е позната причината за пожарот и штетата за која од ТППЕ Делчево најавија дека дополнително ќе излезат со соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
