Македонија
11. August 2016 - 11:16

Активисти на СДСМ во погодените подрачја од поплавите во Скопско

СДСМ и денеска ја продолжува акцијата за помош на настраданите граѓани од поплавите во Скопско. 

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска заедно со волонтери и активисти на партијата денеска е во населбата „Методија Андонов-Ченто“.

Акциите за помош продолжуваат во населените места Стајковци, Сингелиќ и Инџиково, а ќе биде поделана и хуманитарна помош во сите погодени подрачја.