Албанската полиција заплени над 400 килограми марихуана
Албанската полиција продолжува со засилените мерки во спречувањето на производството и троговијата со марихуана. Во одделени акции денеска биле запленети 413 килограми и уништени над илјада стебла марихуана.
Запленетата дрога полицијата од приморскиот град Валона ја открила во близина на местото каде што реката Вјоса се влева во морето, натоварена на моторен чамец, во кој имало и пластични туби со 60 литри бензин. Според првичната истрага, шверцерите биле подготвени да испловат кон италијанскиот брег, но најверојатно некој ги предупредил дека доаѓа полицијата и тие успеале да избегаат.
Во текот на денов во подрачјето на Тепелена и Малакастр уништени се повеќе од илјада стебла марихуана.
Во меѓувреме грчката полиција во близина на остовот Отонос открила пакет со 37 килограми марихуана како плови над морската вода. Полицијата се сомнева дека тоа не е единствен пакет со дрога, па ја продолжува потрагата. Деновиве грчката полиција заплени 375 килограми марихуана во напуштен моторен чамец кај Лефкада.
Пред два дена итлаијанската полиција кај Равена заплени 800 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Инаку, во изминатиот период од годинава албанската, италијанската и грчката полиција спречиле шверц на повеќе од 30 тони марихуана произведена во Албанија.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа