Живот
18. April 2017 - 10:08

Американка стана цел на потсмев поради своето име

Исис Харамбе Спјут (20) од американската сојузна држава Калифорнија стана цел на брутално онлајн тормозење, откако некој ја објави нејзината возачка дозвола на социјалните мрежи.

И сето тоа само поради нејзиното име. Имено, како што сите знаат, ИСИС е англиската кратенка за џихадистичката група Исламска држава.

Родителите на девојката не се ни надевале дека тоа име ќе и донесе такви проблеми на нивната ќерка.

Но, малкумина знаат дека Исис е и име на древноегипетската божица на мајчинството и на женската природа.