Амзоски не одговори дали платил кај Боки 13 за СЈО да повлече обвинение
Бизнисменот Ардијан Амзоски кој како оштетен во предметот ТНТ денеска сведочи за уривањето на Космос, не одговори на прашањето од адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба дали на Бојан Јовановски му платил 850.000 евра за СЈО да го повлече обвинението против Амзоски за бесправно градење.
Адвокатот Јовица Страшевски во судница ја прочита пораката меѓу Амзоски и Боки 13, која како доказ беше изведена на судењето за Меѓународен сојуз во која тој напишал:
„СЈО денеска го повлече предметот. Ти благодарам. Ајде сега да работиме", гласеше пораката која обвинителството ја понуди како доказ против Јовановски во случајот каде тој е обвинет за измама и перење пари преку невладината Меѓународен сојуз.
Одбраната неколкупати се обидуваше да добие одговор на што се должела пораката која Амзоски ја испратил, но на тоа се противеше обвинителот Бурим Рустеми.
Прашањето не го дозволи ниту судијата Огнен Ставрев.
„Оставете го Бојан, тој не бил овде во судница, не е тоа наша работа. Истото го прашувате 15 пати и не го дозволувам прашањето", рече судијата Ставрев.
Додаде дека таквото однесување било непочитување на судот, па адвокатот Страшевски го казни со 1.000 евра.
Обвинителот Рустеми претходно за медиумите објаснуваше дека по превземање на обвинението против Амзоски од СЈО, било утврдено дека тој наместо обвинет бил всушност оштетен и затоа одлучиле дека тој не треба да одговара за бесправно градење на комплексот Космос.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион