Анализа: Русија од извоз на енергенси заработува повеќе отколку што ја чини војната во Украина
Русија заработува повеќе од продажбата на енергетски производи отколку што чини војната во Украина, се наведува во анализата на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA).
Организацијата со седиште во Финска наведува дека приходите на Русија од извозот енергетски производи (нафта, гас и јаглен) во првите шест месеци од војната во Украина се повисоки од трошоците за војната. Приходите што Русија ги остварила во тој период изнесуваат околу 158 милијарди евра, а според проценките војната досега ја чинела Москва сто милијарди евра. Во анализата на CREA се пресметани извозот на нафта, гас и јаглен од 24 февруари до 24 август, а со користени податоци од остварениот речен и морски сообраќај, како и протокот енергенси преку гасоводите.
Според тие податоци, ЕУ е најголемиот извозен пазар на Русија со 85 милијарди евра, а по неа следува Кина со 35 милијарди евра. Во рамките на ЕУ, на прво место е Германија како увозник на енергија од Русија во вредност од 19 милијарди евра.
И покрај намаленото количество извоз, Русија сепак остварува рекордни приходи од продажба на фосилни горива, нагласува аналитичарот на CREA, Лаури Миливирта. „За да се справат со тоа, владите морат да ги зголемат тарифите, да воведат ограничувања за увозот од Русија и да спроведат мерки за штедење“, рече тој, притоа нагласувајќи дека пред се мора да се намали потрошувачката на нафта и гас.
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест