Свет
15. July 2015 - 16:06

Ангела Меркел: Бракот е заедница само меѓу маж и жена

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју објавено на Јутјуб открива дека таа се согласува со граѓански партнерства, но за неа брачната заедница може да биде само меѓу мажи и жени.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, таа вели дека ги поддржува еднаквите придобивки за истополовите заедници во Германија како даночните олеснувања и смета дека дискриминацијата мора да биде елиминирана, но според нејзинината лична дефиниција на христијанка, две лица од ист пол не треба да бидат во брак, туку во партнерство.

- Изминавме долг пат. Како што се сеќавам пред 25 годинни многу луѓе се плашеа да кажат дека се хомосексуалци, но со текот на времето го надминавме тоа и тие можат да имаат врска, граѓанска заедница. За мене лично бракот е кога маж и жена живеат заедно. Тоа е мој концепт, но го поддржувам и граѓанското партнерство, вели Меркел.