„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија во Сицилија
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ (Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia) од оваа година распишува конкурс за наградата „Антево слово“ за најдобра поетска творба во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.
Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од меѓународна манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од Македонија.
Пријавени поети за манифестацијата има од цела Европа, а најмногу од Италија. Сите учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди - носечката награда „Анџело Ла Векија“, именувана по проф. Анџело Ла Векија познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор, и наградата „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.
На конкурсот може да учествуваат поети од Македонија кои ќе пратат една своја необјавена песна на електронската адреса: antevoslovo@gmail.com на македонски и на италијански или англиски јазик.
Со учеството на овој конкурс тие ќе можат да бидат дел од авторите кои конкурираат за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 15 декември 2017 година.
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот