„Априлијада 2016 - Скопје се смее“

По повод Денот на шегата-1 Април денеска на плоштадот „Македонија“ се одржа традиционалната манифестација „Априлијада 2016 - Скопје се смее“.
Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје претпладне од 11 часот беше организирана забава за деца од градинките, од основните училишта и за деца од Скопје и од околината на главниот град. На манифестацијата присуствуваа скопскиот градоначалник Коце Трајановски и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.
- Под мотото „Скопје се смее“ секоја година го одбележуваме 1 Април, Денот на шегата и на овој начин и нашето Скопје се приклучува кон сите европски градови кои го прославуваат овој ден. Граѓаните на Скопје денеска ќе се забавуваат, дружат и шегуваат, рече Трајановски.

Во дневниот дел од забавата со маски продефилираа многу принцови, принцези, кловнови, Маши, самовили, Супермени и Бетмени. За присутните деца настапија и фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „Карпош“, децата од фестивалот „Златно славејче“ и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.
Ноќната забава ќе почне во 21 часот на плоштад „Македонија“. Ќе настапат Пиреја–Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов–Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, групата THE NOISE MAKERS.
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
