Свет
19. July 2017 - 8:45

Арапските земји, кои го бојкотираат Катар, го повикаа емиратот да прифати шест принципи за борба со тероризмот

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин, кои ги прекинаа односите со Катар, поради наводното финансирање и поддршка на земјата за терористичките организации, го повикаа емиратот да прифати шест принципи за борба против екстремизмот и тероризмот и да договори план со конкретни мерки за нивно исполнување, со цел да се постигне решавање на ситуацијата во Персискиот Залив. 

Доха ги отфрли овие обвиненија. 

Четирите земји првично дадоа 13 барања за решавање на кризата, но Катар ги отфрли. 

Амбасадорот на Саудиска Арабија во ОН Абдала Ал Муалими изјави синоќа дека четирите земји сега се ангажираат за шестте принципи, што беа договорени од страна на нивните министри за надворешни работи на средбата во Каиро на 5 јули.