Аријана Гранде погодена со лимон на Коачела фестивалот
Пејачката Аријана Гранде беше погодена со лимон за време на својот настап на фестивалот Коачела во американсата сојузна држава Калифорнија, а на интернет се појави и видео од настанот.
На снимката се гледа како, додека пејачката се движи на сцената, некој го фрла лимонот кон нејзините гради, но таа продолжува со настапот.
Гласините говорат дека „напаѓачот“ е обожавател на Бијонсе и на нејзиниот албум од 2016 – „Lemonade“ (Лимонада).
Наводно, како што пишува „Дејли мејл“, фановите на Бијонсе биле револтирани од двојно повисокиот хонорар што организаторите ѝ го исплатиле на Аријана.
Некои пак, сметаат дека се работи за обожавател на поранешното момче на Аријанам Џастин Бибер, кој исто така имаше свој настап и кус говор на фестивалот.
Поп-пејачката е во добра здравствена состојба и го најави својот нареден албум.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена