-->
-->
Арсовска-Томовска: Без дигитално поврзување на државите од Балканот нема целосно поврзување во регионот
-->
Без дигитално поврзување на државите од регионот на Балканот, не може да биде комплетирано во целост регионалното поврзување на овие земји. Ова го порача министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска на денешната конференција „Балканите: Зголемување на поврзаноста на патот кон ЕУ“ во организација на невладината „Пријатели на Европа“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, со поддршка на Советот за регионална соработка, УНДП и Мисијата на САД во ЕУ, се одржа во Брисел.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, денешниот голем настан во европската престолнина, на кој покрај македонската министерка говореа и комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, екс-комесарот Штефан Филе, албанскиот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати и други, претставуваше одлична можност за размена на мислења и искуства во однос на главните предизвици што му претстојат на регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Унијата.
Министерката Арсовска-Томовска учествуваше на панел дискусијата: „Привлекување бизниси и инвестиции преку зајакнувањето на регионалната поврзаност“, при што ја истакна потребата од подигнување на свесноста околу неопходноста од поврзување со широкопојасен интернет, како и дигитално поврзување.
- Регионалната агенда за поврзување, која го става фокусот врз транспортот и енергетиката, не може да биде комплетирана без важниот аспект на дигиталното поврзување, истакна Арсовска -Томовска, потенцирајќи дека регионалната дигитална поврзаност е важна за зголемување на прекуграничните услуги со цел развој на дигиталната економија во регионот, како и иновативниот потенцијал.
Првиот човек на Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија исто така посочи дека сите земји од Западниот Балкан имаат своја дигитална агенда, која е усогласена со дигиталната агенда на ЕУ за 2020 година.
- Регионалното дигитално поврзување е исто така важно и за зголемување на прекуграничните услуги за развивање на дигиталната агенда во регионот, како и за воспоставување заедничка регионална платформа за зголемување на иновацискиот потенцијал во регионот. Има уште многу други предности д дигитално-поврзаните општества што можеме и да ги видиме од единствениот дигитален пазар на Еворпската унија - потенцираше македонската министерка.
На денешниот форум во Брисел се дискутираше и за спроведување на реформски мерки во насока на отворање на пазарот, создавање транспарентна регулаторна рамка со која ќе се зајакне довербата кај инвеститорите, како и отстранување на евентуалните бариери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место