Асфалтирање на улици во шест населени места во општина Кочани
По завршувањето на подготвителните работи, општина Кочани започнува со асфалтирањето на улици со вкупна должина од 1.200 метри во шест населени места.
Градежните активности се дел од годишната програма за изградба и реконструкција на локалната сообраќајна инфраструктура, со која е предвидено асфалт да добијат улици во селата Прибачево, Мојанци, Грдовци, Долни Подлог, Горни Подлог и Тркање.
- Локалната самоуправа веќе склучи договор со изведувачот „Коп инженеринг“ од Студеничани и по воведувањето во работите започнува комплетирањето на улиците во населените места од рамничарскиот дел на општината. Се очекува поставувањето на асфалтниот слој да заврши во рок од околу еден месец, соопштија од Одделението за уредување на градежно земјиште.
Станува збор за сервисни улици со просечна должина од 150 метри и широчина од три метри, на кои претходно беше поставена водоводна и фекална канализација.
За изградбата на овие улици се наменети над два и пол милиони денари од Буџетот на општина Кочани.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати