Македонија
19. March 2016 - 13:12

Багер во движење се запали во Кавадарци

 Багер во движење се запали во Кавадарци. Нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

- Багерот во приватна сопственост се запалил во возна состојба на улицата „Северен булевар“ во Кавадарци. Пожарот го локализиравме, но за жал причинета е голема материјална штета, информира Територијалната противпожарна единица.

Оттаму истакнуваат дека засега не се знаат вистинските причини за настанување на пожарот.