-->
-->
Бан Ки-мун повика на примирје ширум светот за време на ОИ во Бразил
-->
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги повика денеска сите завојувани страни во светот да прогласат примирје и да го положат оружјето за време на Олимписките игри во Бразил.
Тој истакна дека Меѓународниот олимписки комитет и ОН имаат блиска соработка во врска со „глобалниот мир и хармонија“.
- Им честитам на сите спортисти и навивачи кои во следните недели ќе ги исполнат спортските сали во Рио. Олимписките и Параолимписките игри го слават најдоброто од човештвото, изјави Бан.
Генералното собрание на ОН, во кое членуваат 193 земји, од 1993 година усвојува резолуции, со кои се бара за време на Олимписките игри да се применува прекин на огнот.
Летните Олимписки игри во Рио де Женеиро ќе се одржат од 5 до 21 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов