Барди фатен со фалсификат возачка дозвола во Шпанија, осуден две години условно
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди доби условна казна затвор од четири месеци поради возење без возачка дозвола.
Тој во април месец минатата година беше запрен од полицијата, по што им ја дал возачката дозвола на службените лица, кои се сомневале дека станува збор за фалсификат.
Нашиот репрезентативец во тој момент излезе со соопштение дека возачката дозвола му е легално издадена, но сепак на крај судот пресуди дека е виновен и доколку го повтори делото во следните две години, тој ќе мора да се соочи со казна затвор од четири месеци.
Летово на Барди му истекува договорот со Леванте што значи дека ќе го напушти клубот од Валенсија. Уште зимава беа во игра неколку клубови за неговиот потпис, но на крајот сепак реши да остане во Леванте.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
