Бектеши во Трст на Конференција за Западен Балкан
Министерот за економија Крешник Бектеши ќе отпатува за Трст, Италија, каде утре ќе учествува на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, како дел од делегација на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев.
Како што информира Кабинетот на Бектеши, на конференцијата која се организира во рамки на „Берлинскиот процес“, покрај досегашните теми кои опфаќаат инфраструктурни проекти за транспортно и енергетско поврзување и реформски мерки за нивна имплементација, соработката на младите, отворените билатерални прашања, мигрантска криза и борба со тероризмот, се очекува доминантна тема да биде регионалната економска интеграција.
- Значењето на непречената трговска соработка во регионот, инвестициската политика, енергетските и инфраструктурните проекти ќе бидат темите на кои министерот Бектеши ќе се осврне во своето обраќање пред колегите на Самитот, велат од Кабинетот на министерот за економија.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања