-->
-->
Бела куќа: Петмина кандидати за претседател на Централната банка
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп ја намали листата на кандидати за нов шеф на централната банка на пет имиња. На листата е и сегашната шефица, Џенет Јелен.
Официјален претставник на Белата куќа потврди дека на листата е и актуелната шефица на Банката на федерални резерви Јелен, како и директорот на Националниот економски совет Гери Кох. На листата се и Џером Пауел, актуелен член на Одборот, Кевин Варх, поранешен член на Одборот и Џон Тејлор, економист од Универзитетот Стенфорд.
Трамп в четврток треба да разговара со Јелен, а потоа и со останатите кандидати. Се очекува негова одлука пред турнејата по Азија, од 3 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
