Берлин очекува новата грчка Влада да го почитува Преспанскиот договор
Германија очекува новата грчка Влада да има конструктивна улога во процесот на нормализација на односите со Северна Македонија. Владиниот портпарол Штефан Зајберт вчера на прес-конференција во Берлин пренесувајќи ја честитката од канцеларката Ангела Меркел до новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис, истакна дека решението на долгогодишниот спор за името од страна на владите во Скопје и Атина е историско достигнување што треба да се почитува.
– Канцеларот Ангела Меркел тоа го објасни повеќепати. Ова е достигнување што овозможи нормализација на односите меѓу Северна Македонија и Грција, и искрено се надеваме дека новата грчка влада конструктивно ќе учествува во овој позитивен процес, рече Зајберт.
Канцеларката Меркел во честитката до Мицотакис, вели дека со нетрпение очекува да се сретнат и оти се надева на блиска и пријателса соработка и продолжување на партнерските односи меѓу Германија и Грција.
Меркел му искажа благодарност и на досегашниот грчки премиер Алексис Ципрас за то што во „многу предизвикувачките години, секогаш можеле да развијат доверлива и почитувана соработка”.
Барање да се почитува Преспанскиот договор упатија и германските Зелени. Портпаролот на Зелените и пратеник во Бундестагот Мануел Сарацин изјави дека очекува од Владата на Мицотакис да ја продолжи поддршката на Северна Македонија и да не ја ризикува иднината на земјата.
– Спорот за името меѓу двете земји е решен и мора да остане така. Затоа, сите европски влади наесен треба да одобрат почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Се друго ќе биде неодговорно и недостојно за ЕУ и нејзините членки, вели Сарацин.
Ново на Сител
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект

