Бесплатен интернет на скопскиот аеродром

Патниците на скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска можат да користат бесплатен безжичен интернет, како заеднички проект меѓу аеродромскиот оператор ТАВ Македонија и „Македонски Телеком“.
Станува збор за бесплатен безжичен интернет кој е достапен во терминалната зграда и во вип-салонот на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име „Телеком ХотСпот“.
На скопскиот аеродром и досега имаше бесплатен безжичен интернет кој беше ограничен на одредени локации и со одреден временски интервал.
Интернетот на „Александар Велики“ обезбеден од Македонски Телеком е придружен со корисничка заштита, што значи дека секоја несоодветна содржина како вируси и спам, ќе биде филтрирана.
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
