БГНЕС: Договореното од комисијата да се спроведе, Бугарите да се впишат во Уставот, да се откажеме од малцинство
Бугарската агенција БГНЕС која често ги отсликува ставовите на официјална Софија во спорот со Македонија, објави протокол, односно детали од францускиот предлог за решавање на спорот меѓу двете земји.
Во него стои обврската за вметнување на Бугарите во Уставот, откажување од македонското малцинство и заедничко чествување на историски личности за кои согласност ќе постигне историската комисија. На документот како што пренесува агенцијата се работело на почеток на месец јуни. Еден дел бил преглед на досега сработеното, а во вториот за тоа што треба да се направи во иднина. Барањата биле поделени во две фази, краткорочни и долгорочни пишува БГНЕС. Во документот се прецизира дека договореното од историчарите треба да се спроведе во пракса. Како пример е даден Цар Самоил и се вели дека треба да се променат спомениците кои го носат неговото име како и натписот на Самоиловата тврдина во Охрид. Не се споменуваат Гоце Делчев, Илинденското востание и историското ВМРО. Од македонското МНР нема појаснување, потврда или демант на оваа содржина.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?