Битолчанец им се заканувал со пиштол на поранешната девојка и нејзината мајка
Од Министерството за внатрешни работи попладнево соопштија дека поднесена е кривична пријава против битолчанец за закани со пиштол кон поранешна девојка и нејзината мајка.
- ОВР - Кичево поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.К., поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, се наведува во соопштението.
На 31 јули во домот на неговата поранешна девојка, пријавениот упатувал закани со пиштол кон неа и нејзината мајка.
- Од извршен преглед кај него, бил пронајден и одземен пиштол ЦЗ 7.65 со празна рамка, додека во возилото што го управувал, била пронајдена и одземена кутија со куршуми калибар 7.65мм, пишува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија