Блумберг: Русија годинава ќе заработи 321 милијарди долари од извоз на нафта и гас
Русија би можела да заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергенси оваа година, но може да ја заврши годината со рекорден буџетски суфицит од 240 милијарди долари доколку земјите не воведат целосно ембарго на извозот на нафта и на гас, објави Блумберг.
– Поради рекордните цени на нафтата и на гасот, кои го сочинуваат главниот извоз на Русија, дури и со намалената продажба на енергија, Москва ќе добие рекордни приходи од 321 милијарда долари. Тоа е една третина повеќе отколку во 2021 година. Огромните приходи ќе доведат до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според Институтот за меѓународни финансии може да достигне 240 милијарди долари, наведува Блумберг.
Според аналитичарите, дури и со воведените санкции, ќе продолжи значителниот приход на Русија во валута различна од рубљата.
Единствената мерка што може да влијае на руската економија е ембаргото за продажба на енергенси.
Нафтата и гасот сочинуваат околу половина од извозот на Русија и околу 40 отсто од минатогодишните буџетски приходи.
Доколку ЕУ, Велика Британија и САД воведат ембарго, тоа би можело да ја чини Русија најмалку 300 милијарди долари приход.
Ново на Сител
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
