Бочварски: Заврши постапката за увид и забелешки во новиот закон за дивоградби
Поминаа роковите за забелешки и увид на Предлог-законот за постапување со бесправно изградените објекти. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека е завршен рокот за постапката за овој закон, кој беше прикачен на ener.gov.mk.
-Имаа можност сите граѓани, сите засегнати институции, невладини организации да ги дадат своите дополнителни забелешки на овој закон. Ние, во текот на наредните денови во Министерството за транспорт и врски ќе ги разгледаме сите забелешки темелно и веднаш потоа ќе го доставиме законот до Влада, каде што ќе се дискутира дополнително, а веднаш потоа од Влада ќе биде доставен и до Собранието, изјави Бочварски во одговор на прашање при обиколката на социјалната зграда во Пробиштип.
Посочи дека Владата ќе одлучи, кога и како, односно во кој формат, би бил доставен законот за дивоградби, бидејќи, како што рече, овој закон се уште е во работна верзија во Министерството за тарнспорт и врски и сакаат да ги вградат сите важни аспекти, кои се значајни за граѓаните. Бочварски нагласи дека ќе има можност и за дополнителна дебата меѓу пратениците во Собранието, зашто, како што рече, овој закон се носи транспарентно и во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти