Борисов ја повика Русија „да престане да шпионира во Бугарија“
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, за време на неговата посета на градот Силистра, североисточна Бугарија, го коментираше случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија, јави дописникот на МИА од Софија.
– Уште еднаш, тие треба да се прогласат за непосакувани руски дипломати и со вчерашната операција повторно им се обраќам на нивните водачи – да престанат да шпионираат во Бугарија. Дружбата е дружба, рече Борисов.
Дописникот на МИА од Софија јави дека Борисов коментирал дека „Бугарија има добро партнерство со Русија во повеќе области, но оваа активност на шпионажа мора да престане“.
Премиерот на Бугарија им честиташе на Јавното обвинителство и на службите за сработеното и изрази изненаденост од големиот „молк“ на другите институции во Бугарија, имајќи предвид дека претседателот Румен Радев сè уште не го коментирал случајот со откриената руска шпионска група во Бугарија.
Борисов посочи на неоспорната евроатлантска ориентација на Бугарија и потсети на „огромната работа што ја направи владата за диверзификација во сферата на енергетиката и воената опрема“.
Во градот Силистра, бугарскиот премиер Борисов го посети обновениот ферибот со Романија.
Според него, пред траектот да биде обновен, над 200 камиони поминувале низ градот секој ден.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг