Борозан останува во Вардар и следната сезона

Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката.
Корпулентниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.
Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот, информира РК Вардар.
Борозан го носеше дресот на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година. Како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.
Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.
Ново на Сител
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
