Брамерц: Хашкиот трибунал не суди нации, туку воени злосторници
Хашкиот трибунал не е политичка институција и не суди народи, туку одговорни за тешки воени злосторства и кршење на Женевската конвенција, изјави главниот обвинител на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, Серж Брамерц.
- Осудените извршители не се војници кои се бореле за татковината, своите села или семејства, туку наредбодавачи кои убивале воени затвореници, заштитени со Женевската конвенција, истакна Брамерц во интервју за љубљанскиот весник „Дело“, додавајќи дека „нема ништо херојско во палењето на села, протерување на луѓе од нивните домови или поттикнување војници на масовно сексуално насилство“.
Во разговор за време на неговиот престој во Словенија на семинарот за млади правници, непосредно пред изрекување на пресудата за поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, тој нагласи дека осудата е исклучиво само за Младиќ, а не за народот.
- Многу е важно заедницата од каде што припаѓа извршителот да разбере дека ние тоа знаеме да го разликуваме, изјави Брамерц.
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал потенцира дека „историски факт е оти врз припадниците на српскиот народ во операцијата Бура се извршени злосторства, а хрватската страна со задоволство го негира тоа“.
Тој во интервјуто вели дека е потребно политичарите да се оградат од извршителите на злосторства и да не користат националистичка реторика, со што се „оживуваат темните духови од 90-те години“.
Ново на Сител
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг