Бразил бара итна помош од 50 милиони вакцини на „Фајзер“
Бразилскиот министер за здравство Марсело Кеирога побара од „Фајзер” да испорача во државата 50 милиони дози вакцина за коронавирус што е можно поскоро.
Во соопштение од националното Министерство за здравство се вели дека Кеирога ја повикуива компанијата да обезбеди брза испорака на вакцината, бидејќи јужноамериканската држава останува втора најпогодена од Ковид-19.
Новиот бран на пандемија започна во регионот Амазон, каде што најпрво беше регистрирана бразилската мутација на вирусот П.1.
Во меѓувреме, тоа ги погоди сите области во земјата, а капацитетот на болниците е исцрпен – само во јужната држава Парана, 900 пациенти чекаат да бидат хоспитализирани.
Постојат регионални блокади на многу места во земјата.
Откако потврди повеќе од 12,5 милиони случаи и над 300.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата, Бразил заостанува зад САД само по бројот на смртни случаи од коронавирусот и по број на инфекции.
Ново на Сител
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев