Бразилскиот Сенат ја суспендира претседателката Дилма Русеф на шест месеци
Бразилската претседателка Дилма Русеф денеска е суспендирана од должноста за да се соочи со постапката за утврдување на точноста на обвиненијата дека ги прекршила даночните закони и прописи за користење буџетски средства, јави Танјуг.
Сенатот гласаше со 55 гласа „за“ наспроти 22 „против“ за суспензијата на Русеф. Власта привремено ја презема нејзиниот потпретседател Мишел Темер.
Бразилскиот Сенат 12 часа ја разгледуваше можноста за суспензија на Русеф од должноста за рок од 180 дена, а таа, како што пренесуваат руските медиуми, и не чекајќи го крајот на гласањето, наредила нејзините работи да се пренесат од претседателската палата во личната резиденција.
Бразилската опозиција ја обвинува Русеф дека е вмешана во даночни малверзации и користење на државни средства за финансирање на својата изборна кампања.
Самата Русеф ги отфрли сите обвиненија, а претходно изјави и дека е подготвена за својата функција да се бори „со сите расположливи средства“.
Ново на Сител
-
ЦУК: 7-годишно дете, две жени и маж спасени со чамец од Пчиња
-
Средба за соработка помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ
-
Бислимовски: Работиме на продолжување на евтината тарифа на струјата за уште еден час
-
Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско - струшки регион
-
Макрон ја започнува тридневната посета на Германија
-
Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа
-
Сообраќајот непречено, по претежно влажни коловози
-
Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи