Британската кралица Елизабета наполни 90 години
Британската кралица Елизабета денеска полни 90 години и својот приватен роденден, по традиција, ќе го одбележи во кругот на најблиското семејство.
Во Виндзор, во близината на Лондон, каде се наоѓа кралскиот замок, таа ќе открие спомен плоча во чест на овој јубилеј, а по повод роденеденот, топовски плотуни ќе бидат истрелани низ сите делови на Обединетото Кралство.
Британската кралска пошта, која одбележува 500 години од своето постоење, издаде пригодна марка за роденденот на кралицата, направена врз заедничката фотографија на четирите генерации од кралското семејство.
На фотографијата што е направена минатата година, се сегашната кралица и тројцата идни кралеви на Велика Британија-престолонаследникот Чарлс, неговиот син, принцот Вилијам и малиот принц Џорџ, синот на Вилијам и Кетрин Мидлтон.
Службениот роденден на кралицата се одбележува во јуни. Овојпат тоа ќе биде на 10 јуни со пригодна црковна церемонија на благодарност во катедралната црква Сент Пол во Лондон.
Роденеденските свечености следниот ден ќе продолжат со парадата на кралската гарда, а ќе завршат на 12 јуни со уличната забава на лондонскиот Мол во близината на Бакингамската Палата, на кое кралицата ќе им биде домаќин на десет илјади Британци.
Овогидошната приватна прослава на нејзниот роденден, ќе биде збогатена со присуството на американскиот претседател Барак Обама кој вечерва че допатува во посета на Лондон.
Претседателот Обама утре во замокот-резиденција во Виндзор ќе има ручек со кралицата и нејзниот сопруг, принцот Филип (95).
Кралицата Елизабета во септември минатата година стана монарх со најдолг престој на престолот во англиската и британската кралска историја, надминувајќи го дотогашниот рекорд на кралицата Викторија, од 63 години и седум месеци.
На престолот таа е од февруари 1952 година, по смрта на нејзниот татко кралот Џорџ Шести. Во текот на изминатите повеќе од 64 години како британски суверен, кралицата Елизабета соработувала со 12 британски премиери и со седум надбискупи на Англиканската црква. Во овие години се измениле и седум поглавари на Католичката црлва.
Кралицата Елизабета држи и уште еден рекорд. Таа е монарх со најдолг брачен стаж во британската историја. Кралицата Елизабета и принцот Филип се во брак 68 години.
Ново на Сител
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје
-
Тутунарите бараат просечна цена од 420 ден. за кг., денеска од 305 ваги работат само 19, тутун не се предава
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија